Во поликлиниката Драчево утре почнува да функционира Кабинетот за еходијагностика на абдомен и на тироидна жлезда. Двајца специјалисти ќе ги прегледуваат пациентите од населбата Драчево и околината, кои досега беа препраќани или во други поликлиники или во терцијално здравство.
Министерот за здравство Никола Тодоров денеска ја посети поликлиниката и најави дека од утре таму се воведува нова дијагностика за околу 80.000 жители кои гравитираат во овој дел на Скопје.
– Станува збор за еходијагностика, која досега воопшто не беше овозможена на пациентите од овој регион на градот. Станува збор за ехо на абдомен и ехо на тироидеа. За овие две дијагностички процедури досега пациентите се препраќаа во други поликлиники и на терцијално ниво на здравствена заштита. Согласно податоците од „Мој термин“ станува збор за околу 1.000 пациенти годишно кои се упатувале кон други здравствени установи со цел да се изврши ваков преглед – рече Тодоров.
Во поликлиниката Драчево се повеќе расте бројот на услуги кои се даваат во делот на специјалистичко-
– Досега се направени над 6.000 вакви услуги што покажува дека воведувањето на специјалистичките кабинети во Драчево е полн погодок. Во оваа поликлиника скоро и да нема пациенти кои не доаѓаат на „Мој термин“ што покажува дека имало голем интерес, но и сериозна потреба на жителите на Драчево и околината за проширување на здравствените услуги кои се даваат во поликлиниката. Бројот на препраќања кон другите установи на секундарно и терцијално здравство се намалува – истакна министерот за здравство.
Според директорка на Здравствен дом – Скопје Татјана Баевска – Вучковиќ целта е доближување на специјалистичките услуги според местата на живеење на граѓаните придонесувајќи за квалитетот на нивниот живот.
– Бројот на услуги секоја година расте. 2015 година ја завршивме со 33.800 услуги и со 5.500 услуги во споредба со 2014 година, а само 3 проценти се препратени пациенти. Следењата на потребите за давање здравствени услуги не води да ги прошируваме услугите посебно во делот на Кабинетот за интерна медицина. Во насока на зголемен број на здравствени услуги од страна на специјалистичките служби, имаме позитивен финансиски извештај на институцијата и во 2015 година имаме 3,5 проценти зголемување на средствата во однос на сопствените приходи – рече Баевска – Вучковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст