| четврток, 6 декември 2018 |

Просечната цена на струјата за домаќинствата 5,11 денари

струја

Во втората половина од минатата година просечната малопродажна цена на електричната енергија за домаќинствата изнесува 5,11 денари за киловат-час, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци во споредба со првата половина од претходната година цената бележи пораст од 1,65 проценти. Просечната цена на електричната енергија без данокот на додадена вредност за индустријата се движи од 3,40 до 8,30 денари по KWh, по групи на потрошувачи. Просечната цена на природниот гас без данокот на додадена врeдност за индустријата се движи од 17,16 до 18,29 денари по nm 3 , по групи  потрошувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top