Друштвото за издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, го објави големиот хит на аргентинскиот писател Едуардо Сачери – романот „Тајната во нивните очи“, во превод од шпански јазик на Дарко Цветаноски. Според овој роман, е снимен истоимен филм кој во 2010 година беше награден со оскар за најдобар странски филм.
Романот е преведен на повеќе јазици, меѓу кои и на англиски, португалски, италијански, француски, германски, кинески, полски, унгарски, бугарски и српски јазик.
Овој трилер, виртуозно раскажан од Сачери, го прикажува долгогодишното разрешување на еден грозен чин од времето на турбулентната и крвава политичка ситуација во Аргентина во 70-тите години на минатиот век.
„Њујоркер“ за романот пишува дека е „интригантен и возбудлив трилер од Аргентина, кој ги проби границите на државата и на континентот, и доби светско признание. Истовремено криминална приказна и приказна за една неостварена љубов“.
„Приказната е раскажана со моќ и страст. Повеќекратно испреплетена со животниот пат на еден интелигентен и силен маж, но на крајот љубовта се покажува како најмоќно средство“ – напиша „Буенос Ариес хералд“.
„Интригантно и честопати фасцинантно… Оваа книга е пред сѐ мистерија со убиство, но фокусот на Аргентина во 70-тите и внатрешната тегоба на протагонистот додаваат слоеви комплексност. Топла препорака за читатели со интерес за напнатост, историја и за човечката психа“ – напиша „Либрари журнал“.
„Тајната во нивните очи“ на Едуарди Сачери е роман во кој низ очите на главниот лик Бенхамин Чапаро, судски службеник од Буенос Аирес, е раскажана приказната која оставила најголема трага во неговиот живот.
Во центарот на дејството, кое се одвива во 70-тите години на дваесеттиот век, во мермерните простории на еден аргентински суд, се секретарот Бенхамин Чапаро и неговиот алкохолизиран пријател Пабло. Приказната на Едуардо Сачери почнува три децении подоцна, кога Чапаро, веќе пензионер, има доволно време да ја преосмисли и да ја напише таа приказна која не му излегува од умот. Додека се обидува да пишува книга за случајот, триесет години подоцна, пензионираниот Чапаро се присетува на деталите од истрагата за силувањето и за убиството на младата жена во нејзината спална соба. Како што навлегува во минатото, Чапаро исто така се сеќава и на почетоците на неговата долга и навидум неостварлива и сè уште неостварена љубов кон Ирене Орнос, некогаш само практикантка, а сега угледна судијка.
Филмската адаптација на овој роман ја доби наградата „оскар за најдобар странски филм во 2010 година“. Сачери, заедно со режисерот Хуан Хосе Кампанеља, е сценарист на филмот. Во 2015 година овој роман доби уште една екранизација, овојпат во холивудска продукција.
Едуардо Сачери (1967, Буенос Аирес) е аргентински писател. Дипломиран историчар, работи како професор по историја. Почнал да пишува во средината на 90-тите години на минатиот век. Автор е на неколку романи и книги со раскази. Негови попознати дела се: Чекајќи го Тито и други фудбалски приказни (2000); Те познавам, Мендисабал и други раскази (2001); Тајната во нивните очи (2005, роман); Старец кој станува на нозе и други раскази (2007); Араос и вистината (2008, роман) и Хартии во ветрот (2011, роман).
„Тајната во нивните очи“ е прво негово дело објавено на македонски јазик.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


