По добиените сознанија за обид за шверц на дрога на потегот Чифлиг-Катајето, албанската полиција добро се организирала, а за тоа ја информирала и грчката погранична полиција.
По неколку часа потрага албанската полиција ги лоцирала нарко-дилерите кои веќе биле во близина на границата. Кога ја забележале полицијата го напуштиле автомобилот марка „мерцедес“ со кој се движеле и заедно со дрогата успеале да преминат пеш на грчка територија. Кусо потоа биле уапсени од страна на грчката полиција, која ја запленила дрогата.
Уасени се Лутфим Терполари, Анарилдо Чегени и двајцата од Саранда, како и Зани Чиколари од Корча. Истрагата продолжува, бидејќи полициите се сомневаат на вмешаност и на други лица.
Од почетокот на годинава албанската и грчката полиција имаат запленето околу 1,5 тони марихуана, која требало да заврши на грчкиот нарко пазар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



