ПС Струга поднесе кривична пријава против В.К. (36) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело несовесно работење во службата.
Пријавениот, во текот на 2013, 2014 и 2015 година, во својство на директор во МЈП „Проаква“-Струга, со несовесно работење и трошење на средствата за угостителски услуги, на јавното претпријатие му нанел вкупна материјална штета од 6.001.442 денари. Пријавениот парите ги исплаќал исклучиво за користење на угостителски услуги претежно од ресторани од Струга.
По извршениот увид во книговодствената и правната служба како и во финасиските картици на ЈП ,,Проаква“, полициските службеници утврдиле дека од сметката на подружниците ,,Водовод“ и ,,Колектор“, на име угостителски услуги или репрезентација, за цела 2013 година се потрошени 2.256.169 денари. За истата намена, во 2014 година биле потрошени 2.217.937 денари, додека во 2015 година за угостителски услуги или репрезентација, од сметката на Јавното претпријатие биле платени 1.527.336 денари. При извршен увид во финансиските картици, дополнително било утврдено дека одредени фактури доставени од некои угостителски објекти ги немаат потребните печати и штембили за исправна фактура.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст