Дваесет и седумгодишен Босанец е уапсен во својот дом како првоосомничен во рамки на меѓународна полициска истрaга „Одисеј“ за разбиена мрежа за продажба на оружје, дрога и на лажни документи преку интернет. Покрај него, во истрагата се уапсени уште тројца Германци, на возраст од 21 до 29 години, како и двајца браќа Сиријци, на 19 и 28-годишна возраст. Сите петмина се уапсени во Германија.
Осомничените, чиј идентитет официјално не е соопштен, се обвинети за користење на интерентски форуми за илегална продажба на оружје и наркотици, како хероин, кокаин и амфетамини. Тие нуделе и нелегални услуги за инфицирање компјутери со вируси.
Германската криминалистичка полиција соопшти дека операцијата е спроведена минатата недела во соработка со полициите на БиХ, Швајцарија, Франција, Холандија, Литванија и Русија.
Во текот на операцијата биле извршени претреси во 69 домови и канцеларии ширум Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.