Руската полиција го уапси лицето во црно, кое во близина на метро станицата „Октјабрскоје поле“ во Москва држеше во рака отсечена глава на дете и извикуваше „Алах Акбар“.
Полицијата претпоставува дека лицето, за кое е утврдено дека е жена, го убила девојчето и потоа отишла на станицата. каде ја запрел еден полицаец.
Таа тогаш од тробата ја извадила отсечената глава и почнала да вика дека убила дете.
Претходно, телевизија „Раша Тудеј“, јави дека станицата „Октјабрскоје поле“, што се наоѓа во северозападниот дел на Москва, била затворена, откако полицијата добила известување дека пред постојката е забележано лице во црна облека, кое држи отсечена детска глава во рацете.
Телевизијата наведе дека полицијата во почетокот неможела со сигурност да каже дали лицето е жена или маж, бидејќи било облечено во црно „од глава до пети“.
На видео-снимка, која се појавила на Интернет може да се слушне и како жената вика: „Јас сум терорист!“
Полициски извори изјавија дека жената била дадилка на детето. Таа е уапсена, поради сомнеж за убиство на девојчето, за кое се навеудва дека се викало Настја М.
Претходно во руските медиуми се појавија извештаи дека пожарникари за време на гаснење на пожар во еден московски станабен блок пронашле обезглавено дете.
Детето било на возраст од три или четири години. Девојчето, според полициски извори е убиено на брутален начин, а пожарникарите од пожарот во зградата успеале да спасат четири лица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст