| четврток, 6 декември 2018 |

Од денеска Ули Хенес е на слобода

uli henes

Германската фудбалска легенда, Ули Хенес, поранешен претседател на германскиот гигант Баерн Минхен, е пуштен на слобода, откако отслужи половина од казната од пресудата за затајување данок, информираат германските медиуми, цитирајќи го правосудното министерство за правда во областа Баварија. Тој беше осуден на три и пол години затвор, но казната беше намалена и поранешниот претседател на Баерн денеска во утринските часови и официјално беше ослободен од затворот.

Хенес ќе остане под мониторинг на властите и во наредните 21 месеци, се додека трае неговата условна затворска казна. 64-годишниот Ули Хенес беше осуден во Минхен, во март 2014 година, поради даночна злоупотреба затајувајќи 28,5 милиони евра и замина во затвор три месеци подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top