| четврток, 6 декември 2018 |

Се разгорува естрадната војна: Брена ќе сведочи на суд против Мирослав Илиќ!

Пејачката Лепа Брена изјавила дека ќе сведочи на суд против колегата и некогашен пријател Мирослав Илиќ во случајот за утврдување на татковство на неговиот наводен син Девин.

miroslav-ilic-lepa-brena-foto-damir-dervisagic-1453330787-828439

Пријателката на Брена Мирјана Антоновиќ, поранешната љубовница на „славејот од Мрчајевци“, решила по направениот ДНК тест во Америка со примерок кој го украла од Мирослав, да направи тест и во Србија.

Како што им раскажала Мирјана на пријателите, ако Мирослав одбие да го направи ДНК тестот, таа на суд ќе донесе сведоци кои ќе и помогнат во задоволување на правдата.

mir1-1-572x400

-Мирјана знае дека во секој миг може да очекува помош од Лепа Брена. Кога ќе дојде до судење  таа ќе сведочи во корист на Мирјана и Девин. Таму ќе раскаже се што знае за односот на нејзиниот колега и Мирјана. Тие цврсто се одлучни да докажат дека резултатите од Америка, кои покажале дека Мирослав 99,9 отсто  е таткото на Девин, се вистински – изјавила блиска пријателка на Мирјана, а пренесоа регионалните медиуми.

77718

Мирослав Илиќ ен бил расположен  да ги коментира овие наоди, но неговата сопруга кажала дека за неа и нејзиниот семејство Брена е „шуплива“.

lepa-brena-foto-srbijadanas-5

-Тоа суштество воопшто не сакам да го коментирам. Таа за мене воздух, шуплива е. Не ме интересира ниту дали токму Брена учествувала во тајно прибирање на ДНК од мојот сопруг – изјавила Гордана Илиќ.

55a501d9-ec38-4b80-8b70-6bfb0a0a0a6d-miroslav-ilic-supruga-gordana-previewOrg

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top