Ќерката на познатата естрадна двојка, Зорица и Кемиш, Злата Аранѓеловиќ, е модна блогерка која е доста активна на социјалните мрежи. Токму поради нејзината професија сосема е логично нејзиниот стил секогаш да е беспрекорен.
За разлика од нејзината мајка Злата, има далеку посмирени модни избори. Сака да носи вистински женствени комбинации, а тоа и го советува на својот блог.
На фотографиите што Злата ги дели насвојот профил на „Инстаграм“, нејзината одлична линија доаѓа во прв план. Таа не пропушта можност да се пофали со своите стомачни мускули. Сака да излегува во белградските клубови и сплавови, а често времето го поминува и кај своите познати родители. Неодамна ја раскинала врската со пејачот Јован Стефановиќ и моментно нема посилна половина во својот живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.