| четврток, 6 декември 2018 |

Утре ќе биде топол, ветровит и облачен ден

Последниот понеделник од овој месец, но и од метеоролошката зима, ќе биде уште еден топол, ветровит и облачен ден. Утрото ќе биде пооблачно во крајниот југозападен предел, како и во северозападниот регион. Од оваа облачност може да се очекува слаб дожд во споменатите предели.

Денот нема донесе некои поголеми метеоролошки промени се до попладневните часови. Доцна попладне облачноста ќе се зголеми во западната половина од земјата, кога очекуваме да зачестат врнежите од дожд.

Врнежите во текот на вечерта и ноќта ќе се преместат во источниот регион.

Во поголем дел од денот ќе дува умерен, а во северниот дел на повардарието до засилен југоисточен ветер.

Максималната температура ќе има вредности слични на неделните, односно помеѓу 13°С и 15°С во котлините од западниот и северниот регион, и околу 17°С на југоисток.Вo скопскиот регион очекуваме претежно облачно време. Врнежите повеќе се очекуваат во текот на доцна попладневните и вечерните часови. Максимална температура околу 16°С. Ќе дува умерен , а попладне до засилен југоисточен ветер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top