Лицата со бисексуална ориентација можат најдобро да направат паралела помеѓу сексот со жена и сексот со маж. Еве што велат некои од нив:
Жените подобро се бакнуваат од мажите. Не се монотони, менуваат ритам и одлично знаат да препознаат што сака партнерот.
Мажите подиректно кажуваат што сакаат. На пример поедноставно им е да кажат: „уживам додека си од горе“ или, пак „сакам орален“. Ваквиот пристап ги олеснува работите и придонесува за подобар секс. Жените, од друга страна, му се препуштаат на машкото водење и не зборуваат премногу за она што им се допаѓа.
Жените имаат понагласено либидо. Во врските со жени тие се оние кои сакаат повеќе секс од мажите.
Понекогаш сексот со маж е понежен отколку сексот со жена затоа што мажите се фокусираат на деловите од телото што ги немаат како градите и вагината.
Кај оралниот секс нема разлики во однос на половите. Тука разликата во суштина е од човек до човек.
Жените полесно зборуваат за своите бивши партнери и за сексуалното искуство што го имале со нив отколку мажите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.