| четврток, 6 декември 2018 |

Еден од осомничените бомбаши е мртов, другиот се уште во бегство

Еден од осомничените за поставувањето на експлозивните направи на Бостонскиот маратон е мртов, јавуваат американските медиуми.

Бомбашот подлегнал на повредите откако во престрелка со полицијата бил ранет, а потоа и приведен. Идентитетот на осомничениот се уште не е соопштено.

Неговиот партнер се уште е во бегство, но полицијата има направено обрач во областа каде што се крие и детално го проверува реонот.

boston policija 4

Двајцата осомничени претходно застрелале полицаец во кампусот на унивезитетот МИТ во Бостон, кој подоцна подлегнал на повредите во болница. Оттаму бомбашите украле возило заедно со сопственикот, кого го чувале во автомобилот триесетина минути, а потоа го оставиле на бензиска станица, по што продолжиле сами. Кога возилото било забележано од полицијата, бегалците, според очевидци фрлиле бомби на улицата.

За  време на потерницата тешко бил ранет полицац, а еден од осомничените во критична состојба. Кога бил однесен во болница лекарите само констатирале дека е мртов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top