Лоренцо Инсиње на своја кожа дозна колку е Неапол опасен град за живеење откако голгетерот на Наполи бил ограбен додека се шетал низ населбата Вомеро.
Како што јавуваат италијанските медиуми, Инсиње бил на прошетка со својата сопруга и неколку пријатели кога биле пресретнати од неколку лица, кои извадиле и огнено оружје за да ги натераат да им ги предадат сите свои вредни предмети што ги носеле со себе (телефони, часовници, накит и пари). Неофицијално, крадците му впериле и пиштол во чело на фудбалерот, кој се обидел да им објасни дека настапува за Наполи, но брзо отстапил од својата намера.
Ова не е првпат фудбалери на Наполи да бидат жртви на грабеж во Неапол, претходно истото им се случувало и на Лавеци, Хамшик, Запата и Зунига.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.