| четврток, 6 декември 2018 |

Одложено доделувањето на „Оскарите“

20140117-incidentnite-situacii-na-oskarite-m

Американската филмска академија го одложи доделувањето на 88-мите „Оскари“ поради вонредната проценка дека нема услови за одржување на церемонијата во овој момент.

Главна причина за ова досега неслучено одложување на „Оскарите“ е Македонката Фатиме Фетаи, јавната обвинителка која во последен момент конкурираше за највредната статуетка во филмската индустрија.

Според експертите, обвинителката Фатиме Фетаи немала доволно време за да се натпреварува во фер атмосфера со останатите актерки кои се номинирани за најдобра женска споредна улога, па македонскиот амбасадор во САД соопшти дека резултатите од „Оскарите“ на кои нема да учествува Фатиме Фетаи нема да бидат признати од Македонија и Заедницата на Европски филмаџии.

Токму оваа најава од нашиот амбасадор била сфатена сериозно, па Американската филмска академија одлучи да ги одложи Оскарите за 40 дена со цел Фатиме Фетаи да има прилика уште неколку пати да застане пред камера, да ја повтори својата улога и да ги убеди членовите на жирито во нејзиниот актерски талент.

Фатиме Фетаи се бори за номинација за Оскар за споредна женска улога во филмот „Титаник 2: Кога обвиненијата ќе стивнат“.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top