За да се заштитиме од бактерии и болести, речиси сите ние имаме по некоја навика за превенција. Сепак, некои од нив се сосема бесмислени, односно, немаат никаков ефект.
Многумина сметаат дека површината на ВЦ школката е место на кое што се развиваат најголем број на бактерии. Сепак, многу истражувања покажале дека тоа и не е баш точно. Многу поголема закана претставуваат бројните бактериски колонии на кујнските површини, како даската за месо.
За да се заштитиме од бактериите, сите ние имаме по некоја навика за која што веруваме дека ќе го заштити нашето тело од нив. Сепак, некои се бесмислени, а за што станува збор, објаснува професорот по микробиологија и патологија од Универзитетот Њујорк, Филип Тиерно.
Го задржувате здивот кога некој ќе кивне во ваша близина
Ако не можете да го задржите здивот навистина долго, тогаш оваа превентивна мерка нема да ви помогне, вели доктор Тиерно.
Ќе успеете да ги избегнете бактериите само ако го задржите здивот доста долго и ако се движите во спротивна насока. Кога некој ќе кивне, ситните капки со бактерии можат да одлетаат и до метар и пол подалеку и да се задржат во воздухот некое време.
Ако некој се напие од вашето шише или чаша, ја бришете
Иако поголемиот дел од секретот ќе го избришете, сепак бактериите ќе останат на површината. Ако навистина сакате да го избегнете пиењето од иста чаша или шише заедно со вашиот пријател, тогаш Тиерно ве советува да му кажете на пријателот дека сте настинати.
Типкате на банкомат со ракавици
За почеток, бактериите ќе се префрлат на вашите ракавици, па нив потоа кога ќе ги извадите, секако ќе ги допрете со рацете, за на крајот да се допрете на лицето. Така бактериите се веќе префрлени „на ваша територија“.
Добра вест е тоа што повеќето микроби кои предизвикуваат настинка и грип, изумираат после еден ден, па кога ќе ги соблечете ракавиците, ставете ги на некое суво место за да изумрат бактериите.
Ја прекривате ВЦ даската
Секако дека не сакате да седнете на иста даска на која што претходно седеле многу луѓе. Сепак, седењето на ВЦ даската не го зголемува ризикот од инфекции, тврди доктор Тиерно, затоа што тоа се претежно студени површини на кои бактериите тешко преживуваат. Докторот тврди дека многу посигурно е добро да се измијат рацете и да се избегнува допирање на носот, очите и устата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.