Еден од осомничените за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон е уапсен, пишува весникот „Бостон глоуб“ повикувајќи се на извори од истрагата. Вториот осомничен сѐ уште е во бегство по синоќешната престрелка со полицијата во предградието на Бостон, Ватертаун. Полицијата направила обрач во радиус од 20 блокови, по што е почната потрага по бегалецот.
Синоќа на улиците во Бостон владеел вистински хаос откако еден полицаец бил убиен во кругот на универзитетскиот кампус, по што почнала потера по убијците, која стигнала до Ватертаун. Во полициската акција учествуваат стотици полицајци, јавуваат американските медиуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре