| четврток, 6 декември 2018 |

Уставниот суд е столб на државноста и уставноста, СДСМ сака да го обои политички

СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009-та гласале против предлозите на Министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности. Истите оние кои тогаш тврдеа дека измените на законот за помилување се противуставни, сега протестираат пред Уставниот Суд

Уставниот суд е столб на државноста и уставноста во Република Макеоднија и идејата на СДСМ е да го обои политички и е во контекст на нивното сценарио на рушење на државноста, институциите и столбовите на суверенитетот.

Јавноста треба да знае дека каква одлука и да донесе Уставниот суд, тој што направил нерегуларности ќе одговара. За тоа има строг закон кој веќе е стапен на сила.

СДСМ манипулира со темата за Уставниот суд и ја извртува вистината со цел да манипулира со граѓаните на Република Македонија.

Подметнувањата кои ги прави изминативе денови за Законот за помилување се очигледни. Луѓето од Сорос и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.

СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник.

СДСМ и нејзините пратеници во Собранието на 9-ти јануари 2009-та гласале против предлозите на Министерството за правда за ограничување на правото на претседателот на државата да помилува лица осудени за педофилија, дрога, тероризам и изборни нерегуларности. Истите оние кои тогаш тврдеа дека измените на законот за помилување се противуставни, сега протестираат пред Уставниот Суд.

Не само стенограмите, туку и видео снимките од оваа седница покажуваат дека пратениците согласно партискиот став биле против измените на Законот за помилување. На листата се наоѓаат имињата на пратеничката Цветанка Иванова, Јани Макрадули, Андреј Петров, Марјанчо Николов и други.

foto1

Во своите дискусии пратениците на СДСМ тврделе дека ваквите измени се спротивни на Уставот. Сметале дека нема основа токму овие кривични дела да бидат издвоени. Истакнале дека секој може да се покае и ресоцијализира и дека Законот не смее да ги третира различно и построго сторителите на овие специфични кривични дела.

-Не треба да му веруваме на претседателот , на овој , на идниот, на кој и да е, затоа што тој е избран од сите овде што сме во Собрание со најголем број гласови со поддршка на голем број на граѓани и мислам дека ваквото право треба да му биде оставено. Јас тврдам дека овој закон, делови од овј закон, ќе паднат, нема да ја издржат оценката на уставност и законитост и тогаш мислам дека ќе треба веќе еднаш во оваа држава да се сносува и политчка одговорост за неуставни одредби, а за кои пратеници во ова Собрание укажуваат на таа работа, вели пратеничката на СДСМ Цветанка Иванова на 9ти јануари 2009та. во Собранието.

Но, за разлика од тогаш, истата пратеничка на СДСМ денеска има поинаков став. На својот Фејсбук профил таа пред неколку дена го осудила прифаќањето на иницијативата во Уставниот Суд. Ако во 2009та сметала дека измените на Законот се против уставни, таа сега смета дека Уставните судии се срам иако тие постапуваат согласно ставот на СДСМ изразен во 2009-та.

foto2

Слична контрадикторност може да се забележи кај најголем дел од тогашните пратеници на СДСМ.

-Остануваме на ставот и тврдиме дека овој прес е противуставен, затоа што ги ограничува надлежностите на претседателот и апсолутно го доведува во прашање принципот на избор на претседател на непосредни избори, затоа што му се одземаат правата и не кореспондира со онаа јавна расправа за која што говоревме за уставнот цензус во вториот изборен круг, односно намалувањето на 40% што беше предмет на денешната пленарна седница. Дополнително со ваков закон се воведува дискриминација во РМ, затоа што за одредена група за сторители на кривични дела се констатира, со ваквите измени и дополнувања, дека не е возможна ресоцијализација, што апсолутно не е во согласнот ниту со темелните вредности на Уставот, ниту со она што значат надлежности на претседателот на републиката, рече пратеникот од СДСМ, Емилијан Станковиќ тогаш.

Првенците на СОРОС и СДСМ тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно

Луѓето од СОРОС и СДСМ порано тврдеа дека ограничувањето на правото за помилување е противуставно. Но, сега манипулираат и прават протести.

Текстот каде жестоко се брани правото на помилување вклучително и дела кои опфажаат изборни инциденти, е напишан од Гордана Дувњак која е позната како член на структурите на СОРОС и поддржувач на политиките на СДСМ. Текстот е објавен во Утрински весник и е насочен токму во насока на барање на она што се случува деновиве.
foto3
Токму Гордана Дувњак во текст во 2009-та година кој е реакција на иницијативата на измените предложени од ВМРО-ДПМНЕ со кој помилувањето за изборни инциденти ќе се оневозможи, жестоко го напаѓа како против уставно. Денес после 7 години истите манипулираат и се прават дужегрижници за истата работа која тогаш ја прикажувале за противуставна. Токму соросовата мрежа на невладини организации организираа протести против прифаќањето на иницијативата за испитување на уставноста на законот.

СДСМ и опозицискиот лидер Зоран Заев сфатија дека Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и СЈО не успеаја да направат ништо, бидејќи за нејзините сомненија нема никакви докази и јавноста сфати дека се конструира политичка хајка.

foto4

Темата што Заев и СДСМ сакаа да ја наметнат за наводни изборни нерегуларности, од јавноста и експертската јавност беше прочитана уште вториот ден. По кривичните пријави за поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и генералниот секретар на Владата Кирил Божиновски, народот ги прочита СЈО и Јанева дека политички одработуваат и затоа анкетите  за СЈО се такви.

Народот веќе прочита дека СЈО одработува политика, па затоа анкетите кои ги испитуваат јавното мислење се такви какви што се. Ова им е начин на челниците од Бихаќка сами да ја продолжат темата за изборните нерегуларности, неосновано да ја напаѓаат владејачката партија.

СДСМ со ваквото подметнување и неискрен однос има за цел да ја држи темата актуелна и да се претстави како душегрижник.

Синот на првоосомничениот во „Пуч“, Зоран Верушевски, треба да одговара за дела поврзани со детска порнографија. На овој начин СДСМ дефокусирајќи ја јавноста за изборните насилства и лепејќи се исклучиво на таа тема, сака да даде можност и отвора пат за амнестија на синот на Верушевски, соработникот на Зоран Заев.

foto5

ВМРО-ДПМНЕ со јасен став

Владата одлучи против оваа иницијатива кога давала мислење. ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој закон за да не може да се помилува за овие дела, а според СДСМ тогаш ова беше неуставно.

Во писмено соопштение ВМРО-ДПМНЕ деновиве посочи дека останува на ставот дека не треба да има помилување за овие кривични дела.

-ВМРО-ДПМНЕ е партијата која и покрај противењето на СДСМ во 2009 година ги предложи измените во Законот за помилување. Со тие измени се предвиде да не може да има помилување за одредени категории осуденици како оние на кои им одредена казна за дела поврзани со избори, педофилија и слично. ВМРО ДПМНЕ останува со ист став и денес. Секој што сторил каков било криминал, треба да одговара. Таков беше ставот и кога обвинетиот криминалец Зоран Заев беше аболициран од страна на Бранко Црвенковски. СДСМ денес во препознатлив стил се обиде да ја манипулира јавноста и да лаже дека ВМРО ДПМНЕ стоело зад одлуката на Уставен суд. Затоа ВМРО ДПМНЕ отворено се сомнева дека токму СДСМ има најголем интерес за една ваква одлука, стои во сопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Karakamiseva

Универзитетската професорка Тања Каракамишева- Јовановска коментира дека Уставниот суд не донесе одлука за укинување на конкретни одредби од Законот, како што СДСМ, нивните експерти и поддржувачи ја дезинформираа јавноста, туку решение за отпочнување на постапка како прв чекор во постапката по предметот.

-Овој политички пристисок што се прави врз работата на Уставниот суд, е идентичен со оној што се прави врз јавното обвинителство и врз судството, како директна уцена и закана врз нормалното работење на државните органи. Хистеријата што ја започна СДСМ против работата на Уставниот суд е провидна игра на оваа партија, затоа што во 2009 година токму СДСМ беше на став дека набројувањето на кривичните дела во Законот за помилување за кои на претседателот на државата му се забранува да даде помилување е противуставно. Сега, во нови околности, кога претседателот на Републиката не е од нивната партија, тие целосно го променија својот став и одредбите сега арогантно и дрско ги бранат како уставни. Во 2009 година велеа дека се противуставни, сега велат дека се уставни, вели Каракамишева- Јовановска.

Сосема е јасно дека СДСМ од политички причини го напаѓа Уставниот суд. Дали СДСМ сака да направи уште една дневно-политичка манипулација и дали е тоа дел од постојаната деструктивна кампања на СДСМ не е најважно, најважно е тоа што СДСМ сака со сите сили да ги подрие сите институции во Република Македонија и преку тотална деструкција да го уништи целиот систем граден со децении.

-Пошироката акција на опозицијата е со намера комплетно да се подријат темелите на правниот и политичкиот систем во земјата со цел легитимирање на нивната идеја за создавање паралелни правни и политички институции во државата кои ќе бидат по мерка и по вкус на СДСМ. Со ова практично излегува на површина целата иронија на залагањето на СДСМ за принципот на одделување на партијата од државата. Суштината на нивното залагање е како да го тргнат ВМРО-ДПМНЕ, за да може да се инсталира СДСМ со нивните соросоидни полуги во институциите на системот одозгора, на сила, без изборен легитимитет. Сите досегашни акции на СДСМ можат да се оценат како вид државен удар, удар кој во теоријата е познат како „дворска револуција“ која СДСМ ја задскрива зад наводната борба за демократија, вели Каракамишева- Јовановска.

Ваквото делување покажува дека СДСМ се против институциите во Република Македонија, односно против државата. СДСМ ги поткопаа сите темели на државноста, последен во тој поход им е Уставниот суд.  Тезата на СДСМ очигледно е “секоја институција што не ја контролираме треба да се уништи“. Институциите се независни и непартиски само ако се под строга контрола на СДСМ.

-Опозицијата намерно го извртува случајот во јавноста со цел свесна дискредитација на Уставниот суд што е во целосна согласност со веќе воспоставениот јуришнички поход на рушење на авторитетот, најнапред на Собранието, потоа на Владата, па на Претседателот на РМ, па на јавното обвинителство, судството, а сега на ред дојде и Уставниот суд на РМ, вели универзитетската професорка.

Не е точно дека се укинува можноста некој да одговара за уставни нерегуларности или за педофилија. Секој што направил кривично дело ќе си одговара за тоа што го сторил, односно ова не е расправа на Уставниот суд дали ова кривично дело да постои или не.

-Дури Уставниот суд на РМ и да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не значи дека судовите во државата нема да судат и да осудуваат за изборни нерегуларности, за педофилија, за злосторства против човештвото итн. Судот и натаму ќе ги суди сите лица што го повредиле Кривичниот законик, а сторителите и натаму ќе ги издржуваат затворските казни пропишани во законот, а одредени од страна на судовите. Ако се случи Уставниот суд сепак да донесе одлука за укинување на забраната, тоа не мора да значи дека претседателот на РМ веднаш ќе ги помилува сторителите на овие кривични дела. Оваа партиска теза е класично извртување на случајот за предизборни интереси на СДСМ, вели Каракамишева- Јовановска.

sdsm-sud

Ова не е прв случај на СДСМ за притисоци врз Судот. Низа примери од минатото покажуваат дека тоа и нивен стил на однесување, полн со агресија и деструкција. СДСМ со насилни протести пред судовите во минатото се стави во одбрана на своите членови од легални судски постапки. И тоа често пати протестираа со пратеници, што е чист притисок на законодавната, партиска власт врз судската.

Јавноста ги памети насилни протести пред суд за на екс-лидерот и поранешен министер, Владо Бучковски да не му биде одреден притвор за случајот со тенковските делови, собирање потписи за слобода и организирање на митинг за правда за фармерот Душко Илиевски од Битола во чиј двор беше пронајден канабис, протести пред суд со барање за ослободување за градоначалникот на Струмица и сегашен лидер Зоран Заев, осомничен за корупцоја од 8 милиони евра… се само дел од низата.

mvr-odnosi-so-javnostt

Во 2007 година иако беше обвиненет за злоупотреба на службена положба и овластување и дека го оштетил Буџетот за три милиони евра со набавката за резервни делови за тенковите Т-55, Бучковски, сепак, не заврши во притвор. Судот донесе одлука Бучковски да се брани од слобода. Откако во Собранието му беше одземен пратеничкиот имунитет, го доставил пасошот како гаранција дека нема да побегне од државата. За време на седумчасовниот распит голем број членови и симпатизери на СДСМ протестираа пред судот. Вратите на судот беа блокирани од партиските симпатизери и од полицијата.

Сличен беше притисокот на социјалдемократите и при апсењето на Зоран Заев. Откако беше приведен, СДСМ го напушти Собранието, пратеничката група на СДСМ се упати пред Основниот Суд Скопје 1, на протести. Колоната пред судот ја предводеше тогашната лидерка на партијата Радмила Шекеринска.

Таа ја обвини власта за политичка диктатура и убиство на демократијата. Сепак, партиското раководство на СДСМ беше тоа кое примени комунистичка диктатура и се обиде на сила да влезе во судот. Челниците на партијата влегоа во судир со полицијата, но ситуацијата брзо беше ставена под контрола.

Истото се случуваше и кога социјалдемократите протестираат за слобода на фармерот Душко Илиевски. Пратеници од СДСМ, предводени од Менде Диневски и Весна Бендевска и претседателот на општинската организација, Васко Ковачевски, со протести пред судот и општината бараат ослободување на Илиевски, иако во неговиот двор беа најдени стебла канабис сатива.

Не одлучува Судот туку МВР

За тоа дали некој ќе одговара за изборни нерегуларности и дали ќе има санкции кон некого, не одлучува и не е надлежен Уставниот суд, туку МВР. МВР е под контрола на СДСМ, а технички министер е генералниот секретар на партијата, Оливер Спасовски. Како сега според СДСМ, МВР стана професионално и непартиско кога на чело на министерството е еден од највисоките партиски функционери?

За СДСМ очигледно се што е под нивна контрола е демократско, а се што размислува спротивно од нив е недемократско.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top