Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ е повреден под уште неразјаснети околности синоќа во физичка пресметка во населбата Врачар, пренесуваат медиумите на таа земја.
Според неофицијалните информации Трифуновиќ има рани од одгризоци по рацете.
Хрватски „Индекс“ ја пренесува информацијата на пријателката на Трифуновиќ, која вели дека тој е полесно повреден.
– Бевме на престава, тој потоа продолжи на „Фест“, да гледа некој филм. Огледне и отиде во продавница за брза храна. Го нападна некој пијаница, го гризнал за прстите и тоа е тоа. Нема никаква рана на главата, ниту тешки повреди – изјавила пријателката.
Подоцна медиумите пишуваа дека полицијата го идентификувала мажот за кој се сомнева дека го нападнал актерот.
Неговото име уште не е соопштено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


