Конзумирање на само еден грејфрут на ден е исклучително корисно во спречување на развојот на кардиоваскуларните болести, откриле научниците во Израел. Тие истражувале група пациенти заболени од срцеви болести. Истовремено успеале да го регулираат и високиот холестерол.
– Интересно е дека нивниот организам порано не реагирал на лековите за намалување на холестеролот на база на статин, но по конзумирање црвен грејфрут нивото на холестеролот се намалило – изјави д-р Шила Горинштајн, раководителка на истражувачкиот тим од Универзитетот во Ерусалим.
Друго истражуање покажало дека конзумирање црвен грејфрут го намалува нивото на маснотии во крвта, а посебно триглицеридите, што не е случај со жолтиот грејфрут.
Научниците веруваат дека за овие резултати се одговори антиоксидансите со кои црвениот грејфрут е пребогат, а претпоставуваат дека ова овошје содржи за сега некои непознати хемиски состојки кои влијаат на намалување на триглицеридите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


