| четврток, 6 декември 2018 |

Г.г. Стефан го освети новиот крст во Бутел

Поглаварот на Македонската православна црква г.г. Стефан ги освети темелите на новиот, голем крст кој треба да биде висок 51 метар, а ќе се гради на кружниот тек во населбата Бутел. На осветувањето присуствуваа свештеници од скопската епархија, скопските градоначалници и претставници од политичкиот врв во земјава.

Новиот голем крст треба да биде реплика на тој што од пред две години е поставен во општината Аеродром. Освен тоа што ќе биде висок 51 метар, ќе има ширина од 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли.
Физички и правни лица донираа за неговата изработка и проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување.

Полициски сили беа распоредени на пристапните сообраќајници околу локацијата и го пренасочуваа сообраќајнот. Претходно, симпатизери на ДУИ за денеска најавија протест поради изградбата на крстот, но се разотидоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top