Веќе не станува збор за криза на Европската унија (ЕУ). Ние сега се движиме во правец на анархија – предупреди Жан Аселборн, поранешен претседавач на ЕУ.
– До 7 март ќе знаеме дали на грчко-турската граница ќе дојде до радикално намалување на бројот на бегалците – изјави вчера Томас де Мазијер, министер за внатрешни работи во владата на канцеларката Ангела Меркел.
Тој предупреди дека во случај Европа да не најде консензус, ќе мора да се сврти кон „алтернативни мерки“ кои не се прецизирани, но не звучат баш најдобро.
И додека Европа и светот залудно чекаат решение од ЕУ за бегалската криза, политичните односи внатре во Европа не се најдобри. Австрија воведе контроли на границите и го ограничува влезот на 500 бегалци дневно, со што недвосмислено и зададе удар на ЕУ и на политиката на Меркел за „отворена врата“.
Во меѓувреме Австрија и Грција поведоа дипломатска војна бидејќи претставниците на Грција не беа повикани во Виена на големиот меѓудржавен собир на земјите од Балканот и Австрија за мигрантите. Незадоволството кулминираше со повлекување на грчиот амбасадот од Австрија на консулатции, а вчера на австриската министерка за внатрешни работи и беше одбиено барањето за посета на Грција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.