| четврток, 6 декември 2018 |

Стапи во сила примирјето во Сирија

Примирјето во Сирија за кое посредуваа Русија и САД стапи на сила, а терористичките групи Исламска држава и Нусра фронт се исклучени од договорот.

Советот на безбедност на Обединетите нации порано усвои резолуција со која се поддржува прекинување на борбите помеѓу спротиставените страни во Сирија.

Следната рунда на мировните преговори е закажана за 7 март.

САД ја повика Русија да го почитува договорот за прекин на огнот во Сирија.

– Русите се обврзаа дека нема да спроведуваат воздушни напади на групите кои ги сметаме за умерена сиријска опозиција – изјави портпаролот на Стејт департменот Марк Тонер и додаде дека е време да се помине од зборови на дела.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top