„Со колкумина си спиела“, „Колку често ја переш долната облека“ и „Колку деца би сакала да имаш“ се само неколку од прашањата кои мажите сакаат да им ги постават на своите поубави половини , пренесува „Дејли мејл“.
Група од 14 мажи на интернет страницата „Thought Catalog“ кажаа што најмногу би сакале да знаат за своите девојки, но се плашат или подобро, незгодно им е да прашаат.
Прашања кои ги мачат овие, а веројатно и многу други мажи во светот се следниве:
1) Сакам да знам со колку луѓе спиела, но штотуку почнавме да излегуваме, па можеби тоа е премногу лично. Плус тоа, што ако спиела со повеќе луѓе отколку што ме интересира? Можеби е поедноставно воопшто да не го поставувам ова прашање.
2) ‘Дали би сакала секс во тројка. Јас би бил заинтересиран, но таа најверојатно ќе помисли дека сакам да бидам интимен со други девојки, ако прашам.
3) Дали ги лажира оргазмите, односно успевам ли навистина да ја задоволам. Не дека ги потценувам своите способности, но слушнав дека жените често ги лажираат оргазмите. Знаете се зборува на улица…
4) Колку често маструбира бидејќи би можел да се навредам во зависност од нејзиниот одговор.
5) Носи ли долна облека два пати без да ја испере. нема да ја осудувам, само би сакал да знам.
6) Дали навистина го преболела поранешниот. Тоа е нешто од што постојано се плашам. Да, несигурен сум.
7) Каков е мојот пенис во споредба со другите со кои спиела.
8) Дали некогаш забременила. Се плашам од бременост па се сетив на тоа прашање, но тоа навистина никогаш не би ја прашал. Тоа е мошне чувствителна тема, но сеедно, љубопитен сум.
9) Дали и се градите вистински. Прерано е да ја отвориме таа тема. Мислам технички, бидејќи јас веќе и дадов комплимент бидејќи се совршени.
10) Дали некогаш имала секс со девојка. Знам дека на факултет била малку дива, но не сакам да претпостави дека мислам оти е промискуитетна повеќе отколку што навистина е…
11) Колку деца сака да има, ако воопшто сака да има деца. Ако ја прашам ќе си помисли дека сакам да забремени, а јас не го сакам тоа, но поради идните планови, би сакал да знам….
12) Би сакал да знам која е најбудалестата работа што било кога ја направила, но незгодно ми е да прашам…
13) Дали го гледа некогаш својот полов орган. На телевизија еднаш гледав емисија во која жените на огледало ги гледаа своите полови органи и беше многу чудно…
14) Што навистина мисли за мојата изведба во кревет. Мислам, не се плашам да прашам, само би сакал да можам да и ги читам мислите за да знам дали ја зборува вистината…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.