| четврток, 6 декември 2018 |

Затруен млад стружанец се бори за живот на Токсикологија

Вчера во 6.44 часот во ПС-Струга од интерното одделение на Медицинскиот центар Струга било пријавено дека на одделението било донесено затруено лице, кое не е контактибилно.

По преземени мерки било констатирано дека се работи за М.С. (33) од Струга.

Поради сериозноста на здравствената состојба, истиот бил пренесен во Одделот за токсикологија на скопскиот Клинички центар, каде е задржан за понатамошно лекување.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top