| четврток, 6 декември 2018 |

Maкедонски исламист уапсен за регрутирање борци во Италија

Антитерористички тим на италијанската полиција во реонот на Венеција уапси еден македонски државјанин, кој е осомничен за регрутирање борци за потребите на џихадистичката група Исламска држава.

Како што јави италијанската агенција АНСА, идентитетот на македонскиот државјанин не е објавен, само е посочено дека тој бил индоктринирани кон радикалниот ислам од страна на имам од Босна и Херцеговина.

Осомничениот е успаен во рамки на истрагата против неколкумина лица по потекло од Балканот, кои живееле во североисточниот дел на Италија. Тие се осомничени за создавање на мрежа за регутирање и индоктринација на странски борци за учество во војните на Блискиот Исток.

Според истрагата на италијанската полиција, преку оваа мрежа од Италија на боиштата во Сирија заминале најмалку три лица по потекло од Македонија и БиХ. Двајца од нив загинале во текот на 2103 и 2014 година, додека третиот сè уште се наоѓа во воената зона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top