| четврток, 6 декември 2018 |

Сообраќајка кај Куманово, едно лице со тешки повреди на Ургентен

Вчера наутро во 10.15 часот на локалниот пат Куманово – с.Пчиња се случила сообраќајна незгода меѓу возило „пежо експрес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С. и мопед „АПН 6“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Н.К.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, од каде поради сериозноста на повредите како итен случај бил препратен во Ургентниот центар во Скопје.

Увид извршила екипа од СВР-Куманово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top