Вчера околу 13.00 часот на локалниот пат с.Лешки -Кочани се случила сообраќајна незгода во која Љ.Н. (62) од Кочани, управувајќи работна машина (валјак) марка „хаман“, излетал од патот. Во незгодата Љ.Н. се здобил со тешки телесни повреди (скршеница на карлица и ребра) и по укажаната помош во ЈЗУ Кочани е препратен во Клиничкиот центар во Штип.
Пред незгодата, информира денес МВР, Љ.Н. го украл валјакот „хаман“, кој инаку бил сопственост на „Жикол“ Струмица.
Увид извршила екипа од ПС Кочани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


