| четврток, 6 декември 2018 |

Ги прободел поранешната сопруга и нејзиниот татко – прилепчанец во бегство

Вчера околу 12.00 часот во с.Дебреште, прилепско, С.У. (46), по предходна расправија, со употреба на остар предмет им нанел убодни рани во пределот на грбот на неговата поранешна сопруга М.У. (41) и на нејзиниот татко И.Ф. (75).

Лицата се пренесени во Општата болница во Прилеп. Кај М.У. биле констатирани телесни повреди, а кај И.Ф. тешки телесни повреди.

Напаѓачот С.У. е во бегство.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од псрилепската полиција. Се превземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top