| четврток, 6 декември 2018 |

„Јавна соба“: Изложба на пензионерот Педрони кој своето хоби го претворил во нова професија

Доколку давањето шанса за промоција на млад автор се смета за доблест, давање шанса на екстермно талентиран пензионер со врвно хоби претставува огромна чест и задоволство!Карло Педрони, роден 1946 во Скопје, по професија геодетски инжињер и информатичар, моментално во пензија преку своето хоби стекнал и нова професија. Педрони се смета за македонски ветеран во областа на куилинг техниката и за автор кој заслужува внимание од пошироката македонската јавност.

Но, она што е фасцинантно е дека еден мошне талентиран, вешт и продуктивен визионер, во таа доба од животот сеуште активно твори и ги промовира своите дела преку самостојни и групни изложби. Вкупно 45 слики изработени во куилинг техниката (позната како филигран од хартија), од Педрони ќе бидат продажно достапни во сабота и недела, 27. и 28. февруари, во центарот „Јавна соба“.

Куилинг (Quilling) е техника која поразбира изработка на предмети и слики преку мотање на ленти од хартија и формирање на фигури кои може да се групираат во една целина или самостојно да се презентираат. Педрони е вистински виртуоз во оваа техника.

Изложбата е отворена во сабота од 11.00 до 01.00 и недела од 09.00 до 21.00. Влезот во „Јавна соба“ е бесплатен за сите посетители.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top