Редовен секс е посакуван и потребен како еден од главните елементи како за добра врска, така и за здравјето, но што ако го има помалку? Што и да мислите, редовниот секс е нужен, но во овој животен ритам не е едноставно да се одржи темпо кое ќе биде задоволувачко за двајцата партнери.
Избегнувањето на сексот не е само женска карактеристика, тоа е мит бидејќи и мажите често ги занемаруваат своите брачни обврски, а причини за тоа има многу. На пример, пренапорен распоред може негативно да влијае врз животот под постелнината, особено ако партнерите имаат различен биоритам. Тука нема помош, еден од партнерите мора да се прилагоди, иако најмногу помага „договорен секс“.
Рака под рака со тоа оди втората најчеста причина за избегнување секс- исцрпеноста која лошо влијае на сексуалната желба. Во случај често да ви се случува, нема друго освен да направите распоред, велат сексолозите. Изберете ден во неделата кога ќе нема бегање, сите обврски мора да бидат испланирани така што навечер мора да има секс.
Тука е и неизбежната досада – секогаш истите шеми. Некогаш тие пози биле добри, а сега не се. Во светот полн со порно содржини и сексуални играчки, потребна ви е само малку фантазија, ништо повеќе.
На крај еден од проблемите којшто не е лесно да се признае е недостаток на секс затоа што не се чувствувате привлечно. Тие моменти кога пред огледало ги критикувате своите навики и го мрзите своето тело се виновни за проблемите во кревет, па затоа или преземете нешто или помирете се со своето тело и фрлете се на секс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


