Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска го приреди традиционалниот работен ручек со амбасадорите на четирите земји-членки на Вишеградската група, акредитирани во Република Македонија.
На средбата присуствуваа амбасадорите на Чешка, Полска, Словачка и Унгарија – Мирослав Рамеш, Јацек Мултановски, Мартин Безак и Јожеф Бенце, на кои Иванов им се заблагодари за личниот ангажман и посветеност во унапредување на односите со Република Македонија.
– Македонскиот претседател го честиташе 25-годишниот јубилеј од формирањето на Вишеградската група и ја поздрави конструктивната улога на В4 како позитивен пример за успешно регионално партнерство и соработка. На средбата беа разменети мислења за можностите за продлабочување на соработката, за европската и евроатлантската перспектива на Република Македонија, како и за последните случувања во регионот и во Европа, односно за предизвиците во контекст на бегалската криза, информира Кабинетот на Претседателот ан Република Македонија.
Иванов ја поздрави политиката на В4 за отворени врати на НАТО, нивната континуирана поддршка на европската интеграција на Република Македонија, како и поддршката во справувањето со мигрантската криза. Во таа насока македонскиот претседател ја поздрави и усвоената декларација на самитот во Прага во која беше истакната целосна поддршка за заедничко европско решение на мигрантската криза.
-Амбасадорите упатувајќи честитки за начинот на кој Република Македонија се справува со бегалската криза, истакнаа дека Вишеградската група и во иднина ќе биде посветена на односите со Република Македонија и ќе ги поддржува напорите за европската и евроатлантската интеграција, особено во текот на словачкото претседавање со Советот на ЕУ, соопшти Кабинетот на претседателот Иванов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


