| четврток, 6 декември 2018 |

Македонскиот тромбонист Виктор Илиески дел од „Но бордерс оркестра“

Македонскиот тромбонист Виктор Илиески вработен во Македонската филхармонија и член на „Но бордерс оркестра“ (Тhe No Borders Orchestra), настапуваше со јужноафриканската продукција.

По успешната турнеја минатата година во Австралија, Јужна Кореја и во Германија, годинава продукцијата имаше успешни настапи во КВС центарот во Брисел.

Продукцијата е под режисерското водство на Брет Бејли, а диригент е Премил Петровиќ со солистите од Јужна Африка.

– Следуваа два успешни перформанси во Франција, каде што имаше одличен прием од публиката. „Магбет“ конечно дојде и на поранешните југословенските простори, во Љубљана во големата сала на Цанкарјев дом – вели во писмената изјава Виктор Илиески.

Според него, со оваа продукција се испраќа една симболична порака да се надминат конфликтите и границите меѓу луѓето од различните нации, вери, раси и родови. Тој истакна дека интересот за оваа претстава е секаде огромен и додаде оти со месеци однапред се распродадени билетите.

Оваа продукција е составена од пејачи што потекнуваат од Јужна Африка и оркестар составен од професионални музичари од поранешните југословенски републики. Од оваа сезона, како дел од продукцијата и член во „Но бордерс оркестра“ е и македонскиот контрабасист Диме Димовски, кој е вработен во Загрепската филхармонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top