Во март општините мора да почнат со прскање против комарци. Државниот санитарен и здравствен инспекторат веќе испратил известувања до локалните власти. Велат дека тоа им е редовна и законска обврска која мора да ја почитуваат, во спротивно ќе бидат казнети. Ова е една од мерките која ја препорача Комисијата за заразни болести како превенција од вирусот зика, кој е регистриран во повеќе од 30 земји.
Предизвикувачи на зика се тигрестите комарци за кои сѐ уште нема официјална потврда дека ги има и во нашата земја. Здравствените власти најавија дека од соодветните институции ќе побараат уште една проверка на теренот, имајќи предвид дека овој вид е присутен во соседството. Покрај прскањето против комарци, Институтот за јавно здравје изработил и флаери со содржина за зика, кои ќе им бидат делени на патниците на аеродромите. Истовремено ги советуваат оние кои се враќаат од земји каде го има вирусот, да побараат лекарска помош доколку имаат симптоми на болеста. Засега во Македонија нема ниту еден заболен со зика, за разлика од илјадниците заразени во Латинска Америка меѓу кои голем број се трудници. Во Европа сите потврдени случаи засега се кај лица кои престојувале во ризичните земји. Епидемиолозите со укажување дека комарците не се опасни само за вирусот зика. Тие можат да шират и маларија како и западно нилска треска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст