| четврток, 6 декември 2018 |

САД од 2000 година го руши Асад заради катарски гасовод, пишува Роберт Кенеди

Дека примирјето во Сирија кое ќе почне на 27 овој месец тешко ќе се постигне, никој не се сомнева од Москва до Вашингтон. Но алтернатива на примирјето е продолжување на насилствата и војната во што САД не сака директно да се вмеша. Но како што Асадовите сили се во голема офанзива и на пат кон голема победа, барем во најважниот северозападниот и јужниот дел на земјата, а опозициските исламистички групации се растурени, примирјето и политичките преговори се единствено нешто што САД може ги добие.

Но, јасно е дека двете светски сили сметаат и на можноста да пропадне договорот и со сигурност постојат „планови Б“. За американскиот Пентагон јавно се изјасни, а секретарот Џон Кери не сакаше да изнесе детали во јавноста, па изјави дека тој се движи во насока на поделба на Сирија. За рускиот резервен план за сега само може да се претпоставува,  но веројатно ниту тој не е далеку од американскиот, барем кога станува збор за внатрешната територијална поделба на земјата, односно нејзина федерализација.

Всушност, договорот за примирје побрзо би можел да ги уништи државите во регионот како Турција и Саудиска Арабија со посредство на оружените групи кои се наѕираат на терен. Така неколку бригади од ткн. Слободна сириска војска (ССВ), потпомагани од САД и монархиите од Персискиот залив, го одбија потпшаниот американско- руски договор. ОСновна причина за тоа е наведено дека е најавеното продолжување на бомбардирањето од сириската војска и руските авиони врз групата „Јабхат ал-Нусра“ (блиска до Ал-Каеда).

Во оваа констатација се гледа целата сложеност на прашањето на поделба на ткн Умерена сириска опозиција од терористичките групации. Изјавата и дефакто ја потврдува непосредната поврзаност на делови на ССВ со Ал-Нусра и нејзиниот огранок  „Ахрар аш-Шам“, кој пак е поддржан од Саудиска Арабија. Последнава формација исто така се јави со одбивање на примирјето, со исто образложение како ССВ.

Слободната сириска војска и покрај настојувањата на САД и нивните регионални сојузници, до сега не успеа од аморфна форма да се преобрази во компактна организација со единствена политичка платформа, односно ја поврзува само хипнотизирачката желба за туркање на Асад од власт. ССВ е составена од 60-тина различни бригади од кои само три немаат врска со Ал –Нусра, и кои соработуваат исклучиво со курдските групи за самозаштита. Сите останати групи на ССВ или се потчинети на Ал-Нусра или тесно соработуваат.

Асад го туркаа заради катарскиот гас за Европа

Иако на познавачите на светските прилики овој факт не им е непознат, во обид да се запознае јавноста, ќе послужи колумната на внукот на поранешниот американски претседател, правникот и публицист Роберт Кенеди помладиот, за весникот „Политико“.

-Нашата војна против Башар Асад започна не со мирните протести „арапска пролет“ во 2011 година. Тој започна во 2000 година, кога Катар предложи да се гради гасовод вреден 10 милијарди долари низ Саудиска Арабија, Јордан, Сирија и Турција- пишува Кенеди.

Тој гасовод на сунитските монархии во Персискиот залив би им дал одлучувачка предност на светските берзи и би го зајакнал Катар како близок американски соработник во регионот. Кенеди додава дека токму во таа земја се изградени две големи американски воени бази и американската Централна воена команда за Блискиот исток.

Во колумната се додава дека штитејќи ги руските интереси сирискиот претседател Асад одбил да потпише согласност за изградба на гасоводот и се определил за изградба на друг гасовод, од Иран до Либан преку ирачка и сириска територија, со што главен снабдувач за гас за Европа би станал Иран, а не Катар. Тоа било спротивно на интересите на сунитскиот арапски исток па веднаш по одбивањето на Асад, разузнавачките служби на САД, Саудиска Арабија и Израел започнале припреми за востание во Сирија со цел рушење на Асад. Почнало финансирањето на опозицијата, за што Кенеди во текстот приложил и информации за тајни сметки.

Така, додава тој, ЦИА испратила 6 милиони долари на британската телевисија Барад за создавање на сиже во корист на ружење на Асад. И тоа се иако сирискиот режим бил многу поумерен од оние од сунитските монархии. Сирија беше секуларна држава, со плуралистичка власт, Асад се залагаше за либерализација, а по терористичките напади од 11 септември на ЦИА и доставуваше потребни информации, наведува Кенеди.

asadВо 2013 година сунитските монархии, чии енергетски интереси им висеа на конец, му предложиле на Вашингтон дека ќе ги покријат сите трошоци доколку САД го смени сирискиот лидер.

-Всушност некои од нив изјавиле дека ако САД е подготвен да ја заврши сета работа, како што ние ја завршувавме на други места (во Ирак), тие ќе ги преземат сите расходи- признава американскиот секретар Џон Кери на сослушувањето во Конгресот. Катар, кој најмногу од сите беше заинтересиран за рушењето на Асад, инвестирал 3 милијарди долари во обука на „востаниците“ и го повикал Пентагон да ги тренира борците на својата територија.

-Независно од сликата во (западните) медиуми за умерените арапски востаници против тиранинот Асад, стратезите на американските разузнавачки служби од почетокот знаеја како радикалните џихадисти се служат со рацете, кои, веројатно, за себе градат нов исламски калифат од сунитските региони на Сирија и Ирак- пишува Кенеди.

Следејќи ги американските интереси за нафта и за гас, ЦИА ги искористила џихадистите за смена на блискоисточните режими практично од своето основање во 1947 година, додава авторот. Американските власти ги сметале радикалните религиски сили за перспективни противниси на влијанието од Советскиот Сојуз. Уште во 1957 година САД безуспешно се обиделе да извршат државен удар во Сирија и да ја тргнат демократски избраната секуларна власт и не застанале на тоа. Основањето на „нафтената криминална организација“ Исламска Држава (ИСИС) е резултат на долга историја на американска вмешаност, наведува американскиот публицист Роберт Кенеди помладиот.

Резиме: Не е во прашање каприц на Путин

По овие зборови тешко е нешто да се додаде. Можеби единствено тоа дека во зададените околности, било кој рускиот претседател верен на националните интереси, по прашањето за Сирија би постапил идентично како Владимир Путин.

Бидејќи тука воопшто не се работи за каприц на Путин, политички амбиции, комплекси. Иако сите тие карактеристики во одредена мерка веројатно ги поседува, сите во светот кои тоа треба да го знаат, знаат дека тој не можеше поинаку да постапи од тоа да го заштити сирискиот челник. Се друго се само медиумски извртувања и шпекулации кои одат во насока на психолошко-пропагандистичка акција со цел остварување на геополитички добивки.

Сирија за Русија е единствениот пункт од каде таа го слуша целото источно Средоземје вклучително и Израел, а да не говориме за значењето на нејзината единствена воена поморска база во Тартус, како и вредниот договор за испорака на руско оружје со сириското министерство за одбрана. Со активниот влез во Сирија, Русија си го врати изгубеното влијание во целиот арапски свет.

Власта на Асад, и порано власта на неговиот татко, ја има многу задолжено Русија и таа сега возвраќа. Се поинаку за Москва би значело неможност за заштита и на своите најважни сојузници со што во целост би била исфрлена од позиција на влијателна држава за решавање на најважните светски прашања, претворајќи се во набљудувач на светските процеси.

Сега основното стратегиско прашање е на која стратегија ќе се приклучи американската државна политика? Таа за се наведено многу добро знае и свесна е дека Русија во оваа игра ќе од и до крај. А извлекувањето на „Скокотливи“ теми од скорешната или подалечна историја и нивното објавување во американските медиуми, како наведениот текст од сериозно влијателниот Кенеди, со сигурност не се случајност.

Американците секако ќе настојуваат да ја „зауздат“ Русија на поинакви начини и на други полиња, бидејќи Сирија е едноставно преголем и ризичен залак кој може и нив лесно да ги задуши. Но, времето наскоро ќе покаже, а ниедна опција во оваа опасна игра и натаму не е исклучена.

Преземено од:

Зоран Метер/ Дневно.хр         

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top