| четврток, 6 декември 2018 |

Хематологија доби опрема, столови за хемотерапија и држачи за инфузиска терапија

ЈЗУ Универзитетска клиника за хематологија доби медицинска опрема, сервисирани стари столови за примање хемотерапија, нови столови за примање хемотерапија, држачи за инфузиска терапија и санирање на Дневната болница. Станува збор за донација во вредност од 320.000 денари.

– Нашата клиника секојдневно се труди да им излезе во пресрет на сите пациенти и да ги задоволи нивните потреби. Но, бројот на пациенти со малигни хематолошки болести што се лекуваат на Клиниката е во постојан пораст, па поради тоа се појави потреба од подобрување на условите во Дневната болница, изјави медицинскиот директор на Клиниката, проф. д-р Лидија Чевреска и изрази благодарност за донацијата.

Донацијата е од фармацевтската компанија „Рош Македонија“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top