Kaнадскиот сериски убиец Роберт Пиктон не само што сурово убил 49 жени, туку и со нивните тела ги хранел своите свињи на неговата голема фарма. Во 2007 година, Пиктон е осуден на доживотна робија, но само за 6 убиства, бидејќи доказите за другите биле уништени од свињите.
Сега, девет години подоцна, на „Амазон“ ги објави мемоарите што ги напиша во затворот.
Од озлогласениот кварт Лоу трек, каде што се собирале проститутките, исчезнале вкупно 60 жени, а по истрагата Пиктон е обвинет на убиство на 27 од нив, но осуден само за 6 убиства. Во мемоарите ги опишал гнасните убиства, поради што јавноста и семејствата на жртвите веднаш реагираа и книгата веднаш е повлечена.
Жените, кои биле зависнички и проститутки, ги мамел со дрога. Потоа ги носел во својата куќа каде што ги силувал и убивал, по што ги касапел телата.
Пиктон во затворот му признал на еден затвореник, кој всушност бил маскиран полицаец, дека убил вкупно 49 жени и дека сакал да убие уште една за да ги заокружи на 50.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст