| четврток, 6 декември 2018 |

Пекинг е нова светска престолнина на милијардери

Пекинг стана нова светска престолнина на милијардери. Во главниот град на Кина живеат сто милијардери, со што го надмина Њујорк, кој е дом на 95 милијардери, пренесе магазинот „Хурун“.

Истражувањето кое доаѓа неколку месеци по извештајот дека во Кина има повеќе милијардери до САД, укажува на тоа дека кинеската елита продолжува да остварува огромно богатство и покрај превирањата на берзите и слабеењето на економијата.

Пекинг минатата година доби 32 нови милијардери, а Њујорк само четири. Москва е на третото место со 66 милијардери, потоа следи Хонгконг со 64 и Шангај со 50 милијардери.

Различните листи на богатство, како оние на Хурун и Форбс во минатото имаа незначително поинакви резултати во зависност од нивната методологија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top