Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски денеска во Будимпешта ќе учествува на Безбедносна конференција посветена на задачите и предизвиците на НАТО во пресрет на Самитот на Алијансата во Варшава.
Како што соопшти МНР, во фокусот на конференцијата ќе бидат актуелните безбедносни предизвици со кои се соочува евро-атлантскиот регион во пресрет на Самитот во Варшава и промовирање на интензивни дискусии со цел изнаоѓање на решенија за состојбите за кои се уште не постои обединета позиција или недоволна соработка.
Во рамки на конференцијата, на панел дискусија посветена на европската безбедносна перспектива пред Самитот на НАТО во Полска, министерот Попоски ќе настапи заедно со шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, заменик-премиерот и министер за надворешни и европски работи на Словачка Мирослав Лајчак и Тед Вајтсајд, заменик-генерален секретар за јавна дипломатија на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Попоски и Димитров на „Топ тема“ ќе дебатираат за надворешната политика
-
Попоски: За разлика од Македонија, Бугарија си ги заштити своите интереси
-
Попоски: Веруваме дека договорот со Бугарија може да биде подобар без да се наштети никому
-
Никола Попоски: Потребата за договор е наметната од страна на Бугарија (видео)