Продолжува трендот на брзи промени во метео состојбите и во четврток, но овој пат во насока на подобрување на времето. Очекуваме подолги сончеви периоди. Облачноста наутро ќе биде позначителна само во близина на планините, но во секој случај без никакви изгледи за врнежи.
Ќе дува умерен југоисточен ветер долж повардарието.
Според метеопро.мк, наутро ќе имаме температура која ќе биде позитивна низ котлините и низините, а на повисоките места таа ќе има вредности околу -1°С.
Максималната температура ќе има вредности помеѓу 13°С и 16°С во котлините на запад и север, и околу 18°С на југоисток. Во Скопје очекуваме променливо време со подолги сончеви периоди, особено околу пладне. Попладне ќе дува умерен југоисточен ветер. Максималната темпераутра ќе има вредности околу 15°С.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст