| четврток, 6 декември 2018 |

Хрватката што пееше „Зајди, зајди“ влегува во евровизиската трка

По две години пауза, Хрватска се враќа на „Евровизија“. Хрватската национална телевизија вчера објави кој ќе ја претставува земјата на 61. евровизиска трка.

– Голема чест и задоволство ми е што по две години отсуство од Евросонгот во Стокхолм ќе не претставува Нина Краљиќ – минатогодишната победничка на „Глас“ (The Voice). Нина ќе настапува во првата полуфинална вечер на 10 мај и верувам во нејзиниот голем успех и влез во финалето коешто ќе се одржа на 14 мај пред повеќе од 200 милиони гледачи. Песната ќе биде многу интересна, адаптирана на гласот на Нина – изјавил водачот на тимот на ХРТ за натпреварување за песна за Евровизија (ЕСЦ) Жељко Месар.

Нина победи на музичкото шоу пеејќи ја антологиската македонска песна „Зајди, зајди“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top