Родилката од Прилеп починала од искрвавување. Ова се првичните неофицијални наоди од обдукцијата направена на телото на младата жена која пред околу една недела почина во болницата во Прилеп, откако неколку часа претходно нормално се породила, но потоа добила болки и крвавење, но покрај преземените мерки лекарите не успеале да ја спасат, пренесува „Утрински весник“
На Институтот за судска медицина во Скопје, каде што се работи обдукцијата во тек се уште неколку дополнителни испитувања за да се заврши целосната анализа и да се утврди конечната причина за смртта на 21-годишната родилка. Се очекува обдукциски извештај да биде целосно завршен до крајот на неделава.
– Комплетниот извештај од судско медицинскиот преглед на телото ќе биде готов до крајот на неделава кога се очекува резултатите да му бидат предадени на Јавното обвинителство во Прилеп, од каде што беше и побарано да се направи обдукцијата – велат за „Утрински“ од Институт за судска медицина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст