На македонскиот пазар нема небезбедни чоколади во кои е утврдено присуство на делови од пластика. Небезбедна производствена серија пратки од чоколадите Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис, за кои вчера беше издадена наредба за повлекување од пазарот на 55 земји, не е увезена во Република Македонија, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство.
Според АХВ, во домашниот промет има чоколади од овие брендови увезени од Холандија, но со различен производствен сериски број од небезбедната нотифицирана пратка.
– Агенцијата за храна и ветеринарство будно ја следи состојбата со овој случај и е подготвена да реагира навремено доколку се јави потреба, со преземање на соодветни мерки. Како одговорна институција за безбедноста на храната апелираме граѓаните непотребно да не се вознемируваат и доведуваат во заблуда дека производите кои се продаваат на домашниот пазар се небезбедни и можат да го загрозат нивното здравје, стои во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст