Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска во спортската сала на СУГС „Јосип Броз-Тито“, на директорите на сите 22 скопски средни училишта им додели професионални топки.
– Градот Скопје, денеска повторно дели спортски топки за одбојка, фудбал, кошарка и ракомет на средните училишта, а оваа убава глетка на разнобојност, шареноликост на топките од најпознатите светски брендови, нека биде уште еден придонес на Град Скопје во долгорочното и успешното остварување на Програмата за Средношколски спорт којашто ја почнавме пред седум години. Град Скопје со делењето на спортската опрема, конкретно со 963 топки, ќе придонесе за уште поголеми достигнувања во спортот – изјави скопскиот градоначалник.
За овој проект Градот од својот буџет издвои 750.000 денари.
Во 2010 година на училиштата им биле поделени 693 топки, а во 2013 година 840 топки.
– Заложбата на Градот е да се олесни работата на професорите по спорт и спортски активности од средните училишта, но и да се придонесе кон зголемување на масовноста на практицирање на спортските средношколски активности, коишто се надевам ќе станат составен дел од животот на овие млади луѓе и во иднина, односно ќе спортуваат и како возрасни – изјави Трајановски.
Поделбата на топките е направена во зависност од бројот на учениците коишто ја следат наставата во секое од 22 средни училишта, односно тие добија од 35 до 56 топки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст