| четврток, 6 декември 2018 |

Скопјанец се бори за живот по тешка сообраќајка на патот Скопје-Велес

Осумдесет и тригодишниот Љ.С. од Скопје се наоѓа во животна опасност по сообраќајна несреќа, која вчера во 12 и 30 часот се случила на регионалниот пат Скопје – Велес.

soobrakajka-ulica

Од МВР денес информираат дека сообраќајката се случила меѓу автомобил „опел синтра“ со штипски регистарски ознаки, управувано од С.С. (38) од Кочани и мопед „томос А-3“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.С. (83) од скопско Ржиничино.

Во незгодата Љ.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Брза помош бил пренесен во Ургентниот центар во Скопје, каде се наоѓа во животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top