Група рибарски населби во Италија се обидуваат да излезат на крај со два и пол милиони туристи, колку што ги посетуваат секоја година.
Туристичката индустрија најверојатно е една од наголемите жртви на глобалната финансиска криза, со оглед на тоа дека бројот на туристи кои ги посетуваат хотелите и одмаралиштата многу се намали.
И додека голем број туристички објекти очајнички се обидуваат да привлечат што повеќе посетители, Чинкве Тере во Италија го прави сосема спротивното.
Оваа група се состои од пет рибарски населби, бојадисани во живописни бои, кои годишно ги посетуваат околу два и пол милиони посетители, што е многу повеќе од капацитетот, што можат да го издржат домаќините.
Со цел да се намали бројот на посетители, локалните власти ќе го одредат фиксниот број на туристи, кои пред посетата мораат по пат на интернет да набават посебна картица која ќе им овозможи пристап. Се уште не е одлучено колкав ќе биде тој број.
Посетителите исто така најверојатно ќе мораат да се држат јасно до утврдената патека заради ерозијата на почвата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст