| четврток, 6 декември 2018 |

Бејли порача: Медиумите сами ќе решаваат како ќе известуваат за изборите

Амбасадорот на САД Џес Бејли  на синоќешната прес-конференција која ја одржа во просториите на Делегацијата на ЕУ заедно со европратениците рече дека очекува сите партии да преземат одговорност за да се создадат услови за фер и демократски избори на 5 јуни.

– Реформите во медиумите остануваат многу важен дел не само од изборниот процес, туку се и една од приоритетните реформи што треба да се спроведат. Како медиумите ќе бидат оценети зависи од тоа како ќе ја извршат својата задача, како ќе ги покријат овие многу битни избори. Сите вие потпишавте Етички кодекс и затоа најважно ќе биде како ќе ја завршите вашата работа и да им помогнете на македонските граѓани да бидат информирани – истакна Бејли, кој беше придружуван од европратениот Ричард Ховит и од в.д. амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Скопје Лукаш Холуб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top