Јупитер е главна планета во март, па месецот ќе биде возбудлив и интензивен, но и прошарен со многу ризици и замки, посебно за овие три хороскопски знаци.
БИК
Aко компликациите не се појавиле во периодот јануари и февруари, тогаш сигурно ќе се појават во текот на март. Ова е чувствителен период за Биковите. Марс, владетелот на куќата на двојките на Бик, е ретрограден од март до септември 2016 година, затоа можни се емотивни блокади, периоди на изолација и емотивни дистанци, потешкотии, раскол предизвикан од надворешни влијанија, проблеми кои влијаат врз партнерот, кризи и финансиски ограничувања. Совет е да ја соберете внатрешната снага, да дејствувате смирено и да имате многу трпение.
БЛИЗНАЦИ
Ова е комплициран период. Со Сатурн и Марс во куќата на врските на Близнаците, во текот на март се наоѓате на опасно тло. Повеќе од година дена, Сатурн ви ги отежнува односите со другите. Сега му се придружува и Марс, кој е ретрограден и во куќата ќе остане до 27 мај, а потоа и во периодот од 2 август до 27 септември. Морате да се поставите дипломатски, за ни вие ни вашиот партнер да не предизвикате земјотрес. Причината за овие турбуленции може да биде и тоа што заедно ќе поминувате низ проблеми или вашиот партнер ќе има здравствени или работни проблеми, кои ќе влијаат и врз вас. Во секој случај, атмосферата ќе биде напната.
ВАГА
Се до 12 март 2016 година, Венера е во куќата на љубовта и страста на Вагите. Ова е одличен период кој треба да го искористите, бидејќи после тоа работите воошто нема да бидат сјајни. На тој ден Венера влегува во неповолната куќа, па ве очекуваат грижи и обврски. Марс, владетелот на куќата на врските на Вагите влегува во Стрелец од 6 март, што носи до блокади и ограничувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.