| четврток, 6 декември 2018 |

Нова албум и книга за Тоше

Албумот со најголемите хитови на починатата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески ќе биде претставен на 25 јануари во чест на годишнината на неговиот роденден, кога тој требаше да наполни 32 години

Tose

На албумот е и песната „Сето тоа е премалку за крај“ која Тоше ја сними во 2006 година. Автор на музиката и на текстот е Јелена Трифуновиќ, а аранжманот го направи Ниикша Братош.

Свечена манифестација ќе биде организирана и во неговото родно Крушево, а се очекува да биде објавена книга во чест на пејачот напишана од Соња Алексовска Неделковска.

Книгата нема да биде готова за роденденот, но би требало да излезе наскоро.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top