Властите во курдската провинција во Ирак соопштија дека нивните борци спасиле шведска тинејџерка од заробеништво во ИД близу градот Мосул, кој го контролираат џихадистите.
Регионалната курдска влада наведува дека 16 годишната девојка е ослободена на 17 февруари во операција на курдски антитерористички сили кај Мосул. Во соопштението се наведува дека девојката е од градот Борас во Шведска и е идентификувана, а се наведува дека била заведена од член на ИД да отпатува за Сирија, а потоа и за Мосул.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.